Доколку го разгледаме трендот последните неколку години, можеме да забележиме дека се повеќе филмови и серии доаѓаат како оригинални продукции од страна на Netflix, HBO, Fox и слични. Кратко кажано, големите филмски студија веќе не се единствените и главните кои работат на видео содржината.
Кога ќе ја земеме популарноста и сестраноста на Facebook како друштвена мрежа, воопшто не чудат информациите кои говорат дека оваа компанија исто така сака да влезе во бизнисот на оригинална видео содржина.
Не е првпат да се прочита ваква информација за намерите на Facebook, но овој пат тие доаѓаат со конкретна сума на пари кои наводно од компанијата се спремни да ја платат во Холивуд, односно на големите студија.
Според информациите од Wall Street Journal, Facebook се спремни да платат и до 3 милиони долари од епизода за оригинално сценарио за серија. Тие исто така наводно биле спремни да платат и пониски суми за одредени серии, односно целта е да направат одредена бројка која ќе ги направи фактор во овој бизнис.
Facebook, според информациите, ќе ги таргетира корисниците од 17 до 30 години, односно младата публика, па соодветно може да се претпостави во каква содржина ви инвестирале.
Доколку овие информации се покажат како точни, односно ако Facebook успее да се договори со студијата и пушти своја оригинална содржина, дефинитивно ќе ја однесе оваа мрежа на наредно ниво. Ако сега мислиме дека Facebook е доволно популарен и ретко кој не поминува саати на ден сурфајќи по „ѕидот“, додавањето и серии, ќе направи да корисниците поминуваат уште повеќе време на оваа друштвена мрежа.
Извор: Engadget