Брзината во јавниот транспорт очигледно е важна за некои држави, во случајов за Јужна Кореа. Тие развиваат воз кој што ќе може да ја достигне брзината на звукот или поточно околу 1.000 километри на час. Овој воз би се движел во средина со низок притисок, што би значело дуплирање на брзината на возовите кои се базираат на магнетна левитација и кои што се најбрзите моментално во светот. Властите во Сеул се надеваат дека со ова драстично ќе се намали времето на патување во државата.

Возовите на магнетна левитација, кои што моментално се најбрзи возови во светот, можат да достигнат брзина од над 430 километри на час. Многу држави како што се Кина, САД, Канада, се натпреваруваат во превземање на водството во светот на футуристичката технологија, а со овој проект и Јужна Кореа се вклучува во оваа трка на глобално ниво. Потребни се најмалку три години за изучување на hyper-tube форматот, кој што треба да ја претставува основата за возовите да можат да ја постигнат зацртаната брзина.

Овој проект во Сеул се појави неколку месеци по појавувањето на Hyperloop футуристичкиот јавен превоз, кој исто така им овозможува на патниците да ја достигнат посакуваната дестинација за многу кратко време. Визијата на Елон Маск за Hyperloop е да се достигне брзина од околу 1.200 километри на час, што е уште поблиску до брзината на звукот. Колку за споредба, патувањето од Лос Ангелес до Сан Франциско со должина од 610 километри, би се скратило на само 30 минути. Ова е побрзо дури и од патувањето со авион, кое одзема околу еден час.

Извор: DailyMail, News.au

Претходна статијаСамсунг ја објави причината за инцидентите со Galaxy Note7 уредите
Следна статијаiPhone 8 ќе има нови технологии моментално достапни само во Android и Windows