Creators Update надградбата сѐ уште не е пристигната до голем број на корисници, но Microsoft веќе работи на новата голема надградба со кодно име Redstone 3, која ќе пристигне во септември оваа година. Еден од фокусите на оваа надградба ќе биде зголемувањето на перформансите и намалувањето на потрошувачката на енергија, односно продолжување на траењето на батеријата.

За да го постигне тоа, во Redstone 3 Microsoft ќе претстави нова “Power Throttling” функција, која нема да им дозволи на позадинските апликации да користат многу од енергијата на процесорот. Ова не само што ќе ја намали потрошувачката на енергија, туку ќе ослободи и важни ресурси од процесорот за програмата во која работи корисникот, што е чекор кон подобра оптимизација на целиот оперативен систем, слична на онаа на Mac OS.

Засега, оваа функционалност работи само со новите процесори на Intel со Speed Shift технологијата, односно Skylake и Kaby Lake. Сепак, од компанијата велат дека финалната верзија би сакале да работи и на постарите процесори на Intel, како и на оние на AMD. Засега, “Power Throttling” е достапна во Insider Preview Build 16176 за оние од Fast Ring и можат да ја испробаат само корисниците со најновите процесори.

“Power Throttling” инаку ќе работи со сите програми и апликации кои ги имате во вашиот компјутер, но за подобра оптимизација ќе има неколку кодови кои дивелоперите ќе можат да ги додадат во својот софтвер. Колку пак стварно ќе има импакт на траењето на батеријата, останува да видиме во наредниве неколку месеци – Insider корисниците сигурно ќе ги споделат своите искуства.

Извор: ZDNet, PC World, The Verge

Претходна статијаПаметни патики за побезбедно трчање
Следна статијаApple промовираше емулатор кој ќе ве врати 25 години наназад