Погледнете како е направена новата позадина за Windows 10

Напишано на 26.06.2015 - 13:57 од Иво Гиевски

Windows-10-pozadina

Секоја нова верзија на Windows, со себе носи и нова официјална позадина, која треба најдобро да се вклопи со дизајнот на оперативниот систем. Новата таканаречена „Hero“ позадина има футуристички изглед и повторно е фотографија, а не графички дизајн, како и сите позадини за Windows досега.

Многумина од вас сигурно се уште се сеќаваат на популарната Bliss позадина за Windows XP. Иако многумина мислеа дека и таа е фотошоп, на крај се докажа дека е фотографија и тоа дури и без софтверски преправки, што само ја зголеми нејзината популарност.

Поновите верзии на Windows, како Vista, 7 и 8 немаа толку популарни позадини, но и натаму без препознатливи и добро се сложуваа со целосниот дизајн на оперативниот систем.

Новата позадина, иако на прв поглед делува дека не е така, е студиска фотографија. Постигната е со употреба на ласери, кои поминуваат низ логото на Windows, како чад и кристална прашина, кои треба да ги нагласат линиите по кои поминува светлината.

Директорот на тимот кој ја дизајнираше позадината, Бредли Мунковиц, изјави дека идејата на позадината е да го претстави логото како портал, што е веројатно многу успешно изведено. За да се постигне ова, посветено е големо внимание на деталите, како што може и да се види на видеото подолу.

Но, крајниот збор секогаш ќе го има публиката. Што мислите вие, дали новата позадина за Windows 10 ќе биде успешна како онаа за Windows XP?

Извор: Windows Central

За Авторот

Пасиониран возач на спортски автомобили и длабоко навлезен во светот на автомобилизмот. Редовно ги следи последните случувања во квантната и астрофизиката, а е заљубен во универзумот. Не може да одолее на секое подобро парче хардвер што ќе излезе на пазарот и тогаш обично е залепен за мониторот, читајќи ги сите спецификации и новитети.

Контакт: [email protected]