Google веќе одамна ги проверува апликациите коишто ги инсталираме од Play Store на нашиот уред, што до некаде направи да е скоро непотребно користење на дополнителен безбедносен софтвер.

Сепак, технологијата напредува, па Google сега воведува понапредно решение, кое се темели на машинско учење, за проверка на апликациите кои се инсталираат преку продавницата.

Наречено Google Play Protect, ова решение ќе биде автоматски вклучено за сите корисници кои ја имаат верзијата 11 од Google Services или понова. За да проверите дали на вашиот уред е вклучено новото Protect решение можете да ги следите следните чекори:

  1. Одете во главното мени – Settings
  2. Потоа отворете го делот Google
  3. Притиснете на Security, па Verify Apss

Овој дел сега треба да е наречен Play Protect и би изгледал нешто како на следната слика.

Во овој дел, којшто нема потреба да го проверувате цело време, ќе бидат прикажувани основните информации, во главно за тоа кои апликации се проверени. Доколку алгоритамот на Google забележи сомнителна апликација, за тоа ќе биде пратено известување, а апликацијата ќе биде блокирана или избришана.

Овој сервис е уште една причина зошто е препорачано да апликациите кои се користат на телефонот, бидат инсталирани исклучиво од Play Store, а не од други извори.

Во периодот што следи, Play Protect ќе има и свој дел во Play Store, истакнат со посебна икона во менито, од каде што ќе може да се добијат дополнителни информации за апликациите.

Извор: Android, Engadget, TNW

Претходна статијаСкопје подготвено за одржување на УЕФА Супер Купот 2017
Следна статијаИнтервју со Петра Теман која доаѓа на 10-тиот Weekend Media Festival
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.