Here-Maps-iOS

Here Maps е апликација, најверојатно најдобро позната на корисниците на некои од Windows Phone мобилните телефони, која што како што кажува и самото име претставува апликација за мапи, конкуренција на познатата Google Maps. Истата првпат беше претставена на iOS минатата година кога Apple ја претставија својата апликација за мапи, која што доживеа неуспех поради грешните мапи на голем број на локации.

Сега од Nokia ја повлекоа Here Maps од App Store со образложение дека iOS 7, најновата и редизајнирана верзија од овој оперативен систем му наштетува на корисничкото искуство. Ова слободно можеме да кажеме дека е навистина лошо образложение и не може баш да се верува на истото. Сепак корисниците не губат ништо поради фактот што апликацијата и така не беше редовно надградувана веќе подолг период и не можеше да конкурира со другите такви апликации, па повеќето корисници ги користеа мапите од Apple или Google Maps.

Извор: The Indian Express

Претходна статијаВозбудливи нови патенти од Apple за идни iPhone производи
Следна статијаFlip Control Center за iOS 7
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.