Waze, за потсетување, е апликација за навигација која за разлика од другите нуди повеќе заеднички пристап во функционирањето. Тоа значи дека покрај стандардните информации кои во главно може да се најдат кај повеќето вакви апликации Waze се темели на голема поддршка од корисниците на апликацијата кои информираат за состојбата во сообраќајот и слични случувања по патиштата.

Оваа апликација со последните ажурирања доби можност да го користите вашиот глас за известувањата при навигација. Дали ова го сметате за предност и дали сакате сопствениот глас да го слушате како ви кажува, сврти тука и слични изјави не би знаеле, но од компанијата сметаат дека ќе додаде на уникатноста на апликацијата.

За да го додадете вашиот глас потребно е да ги изговорите достапните изјави и термини, па истите ќе бидат пуштани со снимената содржина, наместо со стандардната.

Снимањето на вашиот глас можете да го направите со влегување во менито на апликацијата и одење до Sound & voice делот од Advanced settings. Достапни се 39 изјави и термини, па можете да ги снимате една по една.

Инаку, Waze е апликација развиена од страна на израелска компанија која Google ја купи во 2013 година. Развојот на истата продолжи, а како што можеме да видиме и додавањето на нови и интересни функции.

Доколку не ја користите апликацијата, а би сакале да ја пробате, посебно поради можноста навигацијата да се одвива со вашиот глас, истата можете да ја симнете преку продавниците за апликации преку следните линкови за Play Store и App Store.

Извор: TNW, Lifehacker

Претходна статијаiPhone 8 сепак ќе има рамка околу дисплејот?
Следна статијаInstagram овозможи објавување на слики преку нивната мобилна страна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.