Користењето на 64-битна архитектура е стандард веќе подолго време. Тоа значи дека компјутерите коишто корисниците ги купуваат доаѓаат со 64-битни процесори, па соодветно на тоа и оперативниот систем којшто го користат е во неговата 64-битна верзија.

Поради тоа, корисниците добиваат можност да инсталираат 64-битни верзии од програмите кои ги користат, а со тоа да добијат одредени предности. Главните предности кои се добиваат се можноста за користење на повеќе РАМ меморија, односно над 3,5/4GB, подобра стабилност и сигурност.

Доколку одредена програма која ја користите има 64-битна верзија, препорачливо е да ја инсталирате таа, наместо 32-битната која веќе и нема зошто да се користи, односно нема некои посебни предности и причини.

Google ќе започне со автоматско надградување на Chrome прелистувачот на 64-битната верзија кај корисниците кои се’ уште ја користат 32-битната, а нивниот компјутер ја поддржува 64-битната верзија.

Тоа значи дека доколку имате компјутер со инсталиран 64-битен оперативен систем, повеќе од 4GB РАМ меморија, Chrome од последната надградба, односно од верзијата 58.0.3029.96, па навака, автоматски ќе се надгради на 64-битната верзија од прелистувачот.

Повеќето корисници и нема да го забележат ова, а посебно затоа што најверојатно тие ја користат 32-битната верзија поради не информираност или едноставно не сакање да „губат“ време во барање на другата верзија.

Сепак, 32-битната верзија од прелистувачот ќе остане достапна за симнување на официјалната страна, па сите корисниците кои не ги задоволуваат условите за 64-битната верзија, не треба да се грижат, нивниот прелистувач ќе остане достапен и функционален.

Извор: Google, PCWorld

Претходна статијаВиз Ер Скопски маратон на 7ми мај во срцето на Скопје
Следна статијаВиз Ер Скопскиот маратон го раздвижи срцето на Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.