Обожавателите на цртани филмови деновиве зборуваат само за една работа – враќањето на Samurai Jack на телевизиските екрани! Серијата, која 4 години се емитуваше на Cartoon Network и освои многу награди, се враќа за една последна, петта сезона, овој пат на друга телевизиска мрежа, за конечно да му даде шанса на Samurai Jack да се одмазди на тиранот Aku и да се врати врати во своето време.

Од старата добитна комбинација се враќаат Genndy Tartakovsky како извршен продуцент и Phil LaMarr како гласот на Samurai Jack. За жал, актерот Mako, кој го позајмуваше својот глас на волшебникот Aku, почина во 2006-тата година. Tartakovsky, иако иницијално планирал да најми друг актер, сепак се решил за некој кој “одлично го имитира Mako, бидејќи, да бидеме реални – никој не може да го замени Mako!“. Тој исто така најавил и дека John DiMaggio ќе се врати во улогата на The Scotsman, еден од сојузниците на Jack во оригиналната серија.

the_scotsman

Петтата сезона ќе содржи повеќе елементи за зрела публика и ќе формира кохезивна приказна. Ќе се одвива 50 години после крајот на оригиналната серија, но Jack не е остарен, како резултат од патувањето низ времето. Со секоја епизода ќе се откриваат детали кои ќе ја одврзат мистеријата на серијата и ќе ја одведат во поинаква насока од онаа на која навикнавме пред 13 години.

За претстојните 10 епизоди, кои може да ги очекувате од 11 март, може да дознаете на следното видео:

Претходна статијаПротече слајд од презентација за Huawei P10 и P10 Plus
Следна статијаLG го најави G6 како „телефон со голем дисплеј кој удобно лежи во дланката“