Спектакуларен поглед на новото здание кое ќе ја вдомува компанијата Apple, наречено Apple Park и особено новиот Steve Jobs театар во кој се очекува презентацијата на последниот модел на легендарниот iPhone.

Се работи за новиот простор за промоции и одржување настани на оваа компанија, а ова е негово прво јавно прикажување. Слично на најпознатата Apple продавница, лоцирана на њујоршката петта авенија, и овој ивент-центар е лоциран под земја. Просторијата има капацитет од 1 000 гледачи, додека влезниот дел е декориран со 7 метри висок стаклен цилиндар со метален кров.

Основачот на оваа компанија Стив Џобс, очигледно им ставил на дознаење на своите наследници дека не сака целиот комплекс да биде наречен според него, па така тие одлучиле да го именуваат само ивент-центарот. Како и да е, театарот се наоѓа на една од највисоките точки во самиот Apple Park и всушност го надгледува главното кружно здание во кое е сместена компанијата.

Во овој театар, наредната недела на 12-ти септември Apple се очекува да презентира 3 нови модели од својот најпопуларен производ и тоа: iPhone 7s, 7s Plus и најновиот iPhone 8. Меѓу останатото, на промоцијата се очекува да се појави и новиот паметен телевизор Apple TV со 4k поддршка, како и новиот Apple Watch Series 3.

Извори: Cult of mac, DailyMail

Претходна статијаЈубилеј со поглед во иднината: потенцијалот на STEM, држава без клиенти и промени во рекламирањето
Следна статијаНов циклус на инфо денови на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност