По 8ми пат се одржа SkopjeTechMeetup во опуштена и пријатна атмосфера, во локалот Piazza Liberta, каде присуствуваа 50тина посетители од македонската ИТ заедница. Овој пат со тројца говорници од ИТ индустријата.

Направивме кратко интервју со главниот организатор Мартин Ковачки:

  1. Што точно е SkopjeTechMeetup и која беше идејата и мотивација за организирање ваква иницијатива?

– SkopjeTechMeetup започна од иницијатива на група девелопери од Tricode со идеја да ги отвориме нашите интерни презентации кон пошироката македонска IT јавност. Првиот STM се случи во Октомври 2014та, и форматот во сржта остана ист и до денес – дружба после работа, fingerfood, пијалоци по желба и две до три презентации од по 20-40 минути на теми кои се актуелни и интересни за луѓе од индустријата. Присуството е бесплатно, потребна е само онлајн регистрација. Идејата зад настанот e поддршка и јакнење на IT заедницата во републикава.

  1. Какво е искуството од претходните настани, и која е заинтерисираноста на македонската ит заедница за ваков вид на иницијатива?

– Накратко кажано, досегашното искуство е повеќе од задоволително. STM стана свој бренд, бројот на посетители постојано е во пораст и секогаш се бара карта повеќе. Од почетокот до сега, настанот еволуираше повеќекратно – пријатна атмосфера, професионално озвучување, квартални термини, награди. Отворени сме за говорници надвор од Tricode, и се трудиме секој настан да имаме барем еден таков. Воедно ја користам приликава да се заблагодарам јавно на сите досегашни наши гости. Благодарноста со публиката ни е взаемна, бидејќи интересот е тука, потребата од ваков тип на настани е реална и посебно ми е драго што забележувам дека во последно време никнуваат се повеќе настани од сличен карактер насекаде низ земјава, особено во Скопје.

  1. Дали имате планови за идните настани, и секако кога ќе биде следниот SkopjeTechMeetup?

– Веќе ја споменав постојаната еволуција, значи секако плановите за иднината постојат, и носат само подобрувања. Ги слушаме посетителите и нивните идеи се земаат во предвид при следниот настан. Останува нашата публика да го шири добриот збор и да се дружиме секоја наредна прилика. Додека сме на таа тема, STM 9 ќе биде на 4ти Мај. May the fourth be with you. Моја препорака за заинтересираните, можат да не следат и контактираат на www.SkopjeTechMeetup.mk или нашата STM facebook страна.

Првиот говорник – Никола Судијовски кој направи рецензија на тема „Порнографијата, како водечки лидер во технологијата“. Во текот на 30тина минути објасни кои се почетоците на порнографијата, дека датира уште од Египетско време пред нашата ера, па се до првата слика и првиот видео запис кој се појавил во 19ти век во Франција. Се надоврза на битката помеѓу VHS и Betamax, како и HD-DVD и Blu-ray. Како дошло до идеја за онлајн плаќање и првиот вид на стриминг содржини преку интернет, па се до Live chat и Virtual Girl десктоп апликацијата. Каде порно индустријата ја наведе како главен двигател на ваквите технологии. Во кратки црти презентацијата беше осврт на порно индустријата од своите почетоци до денешницата, и како тоа придонело за развој на денешните технологии.

Вториот говорник – Драги Андонов даде краток, но корисен осврт на темата „SEO: Најдобри практики за оптимизација на вебстрани во 2017“. Започна со вовед во SEO и оптимизацијата на вебстрани, „On page“ и „Оff page“ поделба на оптимизација. Со доста примери и практични демонстрации на алатки за тестирање на веб страни во одреден сегмент.

Третиот и последен говорник – Андреј Гаштеовски кој зборуваше за „Вовед во JHipster“. Како што и самиот наведе, JHipster не е нова технологија, но станува се популарна. JHipster е најпопуларен Yeoman генератор, односно генератор на модерни веб апликации. Демонстрираше со генерирање на едноставна апликација. На крајот наведе што се вклучува последната верзија 4.0 и кои работи се подобрени. Презентацијата за разлика од останатите, имаше целосно технички осврт кон технологијата.

Се гледаме на следниот SkopjeTechMeetup.

Претходна статијаЕколошки дом кој создава енергија повеќе од што троши
Следна статијаMicrosoft има идеја за футуристички канцеларии со Surface уреди наоколу