Фондацијата Голдилокс Стејт во следните 12 месеци ќе го имплементира проектот “Мобилен OneStop Кариерен Центар” во 26 општини во Република Македонија со цел да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување и да придонесе за зголемување на економскиот и бизнис развојот во сите 8 плански региони во земјата.

Проектот ќе им помогне на учесниците да стекнат подлабоко познавање на трендовите и пазарните динамики во различни индустрии, постоечки или со потенцијал за развивање во нивните средини, како и кои се вештините што се потребни за успех и од аспект на потенцијален вработен, но и од аспект на потенцијален сопственик на бизнис во соодветната област. Тие ќе научат како да ги употребат нивните актуелни вештини и како да ги унапредат и ќе бидат мотивирани да преземат конкретни чекори за започнување или унапредување на нивните кариери.

Реализацијата на проектот ќе се одвива преку локални настани на кои учесниците ќе имаат можност да дознаат информации од прва рака за конкретни индустрии, потребните вештини, како и можноста за развој во тие индустрии. Покрај ова, учесниците ќе имаат можност за индивидуални сесии со кариерни советници, како и со самиот експерт говорник со цел креирање на кариерни планови и продлабочување на знаењата во индустријата. Караванот на Mобилниот OneStop Кариерен Центар ќе помине во
градовите: Скопје (28.06.2017), Охрид (21.07.2017), Струга (24.07.2017), Велес (28.08.2017), Кавадарци (30.08.2017), Прилеп, Струмица, Битола, Гевгелија, Кичево, Куманово, Штип, Тетово, Гостивар, Маврово, Крива Паланка, Кочани.

Пријавете се за учество на следниот линк: http://bit.ly/OneStopCareerCenter
Следете го караванот на Мобилниот OneStop Кариерен Центар на Facebook и очекувајте го наскоро во вашиот град.

Овој проект ќе се реализира со средства на Фондацијата Голдилокс и Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со ЊуМенс Бизнис Акцелераторот.

Претходна статијаНови информации за Galaxy Note 8 најавуваат дека ќе биде најскапиот смартфон на Samsung досега
Следна статијаКреирајте ги најдобрите улични портрети со Huawei P10 lite за време на летниот одмор