Успешна интеграција на настава и учење со помош на технологија

Скопје,Македонија–17.11.2017 – СТЕМ Академија стана дел од реномираните училишта во светот кои ги имаат имплементирано Microsoftобразовни методологии, програми, практики и технологија. Во прашање епристап кон проблемите во образованиетокои се препознатливи по иновациите кои ги користат при осмислување на наставата, учењето и оценувањето, како и развојот на вештини релевантни за учениците кои се подготвуваат за предизвиците на 21-виот век. Од СТЕМ Академија посочуваат дека воведување на Microsoft образовните методологии и програми за нивните ученицидошла како резултат на нивните напори за континуирано надградување на образовните капацитети и алатки потребни во процесот на едукација со цел учениците да стекнат вештини и знаења кои ќе им помогнат во понатамошната кариера.

“Со признавањето на СТЕМ Академија како Microsoft училиште, се добива уште една институција која има иновативен пристап кон образованието кое ќе им отвори големи кариерни можности на учениците, но и ќе ги направи поконкурентни на пазарот на труд со стекнување на вештининеопходниза иднината. СТЕМ Академија е првото училиште во Македонија кое е член на заедницата на Microsoft училишта, па оттука ни претставува голема чест и задоволство што преку нашата соработка даваме придонес во креирање на услови за олеснување и збогатување на процесот на образованиена децата.Исто така Microsoft училиштата добиваат дополнителни можности за соработка со други училишта ширум светот кои се дел од Microsoft заедницата.Во духот на продлабочување на нашата соработка е и поддршката од страна на Microsoft во однос на технологија, пристап до едукативни ресурси и практикисо кои ќе се подобри едукацијата и пристапот до Microsoft програмите за учениците во СТЕМ Академија” – изјави г-дин Љупчо Георгиев, генерален директор на Microsoft Македонија.

СТЕМ вештините се повеќе добиваат на важност во образовните системи во светот, вклучувајќи ја и Македонија.Со Microsoft програмите се зголемуваат професионалните можности за учење и усовршување на овие СТЕМ вештини.

“Станувањето дел од програмата ‘Microsoft School’ е извонредна можност за поврзување со над 1.000 училишта кои се лидери во образованието. Ги споделуваме нашите искуства со другите училишта ширум светот со што изнаоѓаме иновативни начини, преку примена на соодветни алатки, да гиподготвиме нашите ученици за постигнување успех во и надвор од училницата.Пристапоти комуникација со експертите за едукација на Microsoft иновации (MIE Experts) ни помагаат во иновативноста и континуираната обука на едукаторите на СТЕМ Академија, што е од големо значење за подобрување на процесот на едукација за нашите ученици. Исто така во соработка со Microsoft, сакам да ја истакнам и програмата MinecraftEducation која планираме да ја воведеме од Декември.Minecraft е компјутерска игра која ги буди креативните вештини кај децата и го развива чувството на контрола над самите себе и над околината. Ова се постигнува преку процес на учење насочен кон изучување на корисни вештини како снаоѓање во нов простор, донесување причинско-последични заклучоци, манипулација со објекти и критичко мислење кое раѓа мотивација за учење” – изјави г-дин Жарко Поп Илиев, извршен директор на СТЕМ Академија.

СТЕМ Академија е една од најреномираните едукативна организации којасо години успешно ги гради СТЕМ вештините кај децата во Македонија. Од неодамна, СТЕМ Академија има нови простории со високо безбедносни стандарди за деца на нова локација во комплексот Парк Резиденс.

“Ни претставува задоволство што сме дел од успешната приказна на СТЕМ Aкадемија за унапредување на образованието на децата на современ и иновативен начин, кој ги подготвува за работните места на иднината. Со ова се истакнува нашата поддршка на образованието во Македонија. Оттука, како резултат на успешната соработка на СТЕМ Академија и Парк Резиденс би сакала да најавам  воведување наголем број набенефити за клиентите на СТЕМ Академија при користење на капацитетите на Парк Резиденс“ – изјави г-ѓа Нина Шерифовска, извршен и продажен менаџер на Парк Резиденс.

STEM е акроним кој се поврзува со курикулум базиран на идејата за едуцирање на учениците во четири дисциплини – наука, технологија, инженерство и математика со интердисциплинарен и применлив пристап. За разлика од традиционалниот пристап кон образованието, СТЕМ едукацијата се фокусира на развој на критичкото мислење при анализа на конкретни проблеми и изнаоѓање на применливи решенија за истите. Оттука СТЕМ вештините и знаењата се сметаат особено значајни за новите генерации кои ќе се соочат со предизвиците на работните места од 21 век.

STEM Академијае фондација за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој која спроведува високо едукативни и забавни програми за деца од 5 до 12 години базирани на STEM. Во моментот во STEM Академија се следат програмите развиени  од LEGO® Education кои се прилагодени на возраста и во нив децата преку соодветно осмислени игри и активности во кои се користат LEGO® елементи, го наоѓаат одговорот на сложените прашања, проблеми или предизвици.

Претходна статијаПоловина Android уреди имаат две години или постара верзија на оперативниот систем
Следна статијаЧетвртта година по ред Еуролинк осигурување доделува стипендии за студенти на Правниот факултет,, Јустинијан Први’’ во Скопје