4449ed486ee275ec8fcc77c89c1ea9146cca2576b33a171a2503567d1975a13b

Mega е сервис за складирање во облакот направен од стана на Kim Dotcom, на повеќето од нас познат по стариот Megaupload сервис кој што беше исклучен. Kim Dotcom и до денес има проблеми со властите, а посебно американските, кои што се обидуваат да издејствуваат негова екстрадиција за судење врз основа на повеќе обвиненија.

Тој после сите проблеми со кои што се соочи реши да направи сервис кој што ќе биде „легален“, по што беше претставен Mega. Се работи за сервис за складирање на податоците во облакот како што се Dropbox, Google Drive, OneDrive и слични. Она што го прави различен од овие сервиси Mega, е end to end енкрипцијата на податоците што овозможува само корисниците да имаат пристап до нивните фајлови.

Енкрипцијата на сервисот е главната работа која што е истакната и претставува предност во време кога веќе нема човек кој што смета дека интернетот нуди приватност на комуникацијата и податоците.

Сепак, иако овој пат може да се каже дека сервисот кој што го нуди Kim Dotcom е целосно легален, тоа не ги спречува истите агенции и здруженија да продолжат да му прават проблеми.

По прекинување на работата со сервисот од страна на Visa и Master Card, оваа недела истото го направи и PayPal. Од компанијата потврдија дека ги прекинуваат односите со Mega, меѓутоа не истакнаа кои се причините, освен изјавата дека се работи за деловни причини.

PayPal може да потврди дека имаме одлучено да ставиме крај на нашите односи со Mega поради деловни причини. Ние ја почитуваме приватноста на сите наши клиенти и поранешни клиенти и нема да дадеме повеќе детали за одлуката. – изјави претставник на компанијата.

Извор: Mega, The Verge

Претходна статијаMicrosoft претстави Android тастатура специјално прилагодена за работа со Excel
Следна статијаFacebook вработени можат да пристапат до вашите сметки без потреба од лозинка
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.