Beddit е финска компанија која работи на развој на еден производ. Тој производ е сензор и апликација за следење на спиењето, нешто што стана доста популарно изминатите години со развојот на технологијата.

Beddit како производ, во споредба со своите конкуренти, нуди предност поради фактот што сензорот е во форма на лента која се поставува под чаршавите на креветот. Со тоа корисниците нема потреба да спијат со нивниот мобилен телефон или паметен часовник, што сигурно не е баш удобно.

Оваа компанија од оваа недела станува дел од Apple. Информацијата излегува во јавноста преку промената на политиката за приватност на страната на Beddit на којашто е истакнато купувањето.

Повеќе информации моментално од компаниите нема, па останува да се дознае сумата која Apple ја платиле, како и тоа што планираат да прават со компанијата.

Ваквите купувања често се прават како за самиот производ и неговиот развој, така и за купување на тимот којшто го развива и кој би требало да продолжи да работи на развој на таква и слична технологија за новата компанија.

Со оглед на тоа што на повеќето од нас оваа компанија не ни е позната, не ни прави некоја посебна разлика што точно ќе се случи, но фактот што се работи за Apple дефинитивно го привлекува вниманието.

Извор: The Verge, CNBC

Претходна статијаWindows 10 инсталиран на 500 милиони уреди
Следна статијаMicrosoft PowerPoint ќе ги преведува презентациите во живо
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.