Кинескиот гигант TCL неодамна потпиша договор со Blackberry за производство на паметни телефони со брендингот на канадскиот производител, исто како што HMD Global ќе направи со Nokia. Сега, тие веќе најавија дека во блиска иднина ќе лансираат барем два BlackBerry смартфони, што значи дека тоа би можело да се случи уште на CES саемот во Лас Вегас.

TCL инаку го има правото на производство и дистрибуција на сите нови BlackBerry паметни телефони за скоро сите светски пазари, освен неколку земји од далечниот исток, каде интересно тие имаат најмногу присуство на своите модели. Уште пред договорот со BlackBerry, тие веќе произведоа два модели за компанијата, наречени DTEK 50 и DTEK 60.

Со договорот со BlackBerry, кинеската компанија планира да ја покачи продажбата на пазарот во Северна Америка и да биде производител од првата лига – сега тие се наоѓаат на четвртото место. Ова делува малку веројатно, особено поради конкуренцијата од Samsung, Apple и останатите, но ако можат да го постигнат, тоа сигурно ќе биде со брендот Blackberry.

Сѐ уште немаме информации за тоа какви ќе бидат моделите кои ќе ги пласира TCL и дали тие ќе имаат хардверски тастатури како што порано беше случај со моделите на канадскиот производител. Можно е овие модели и понатаму да бидат само ребрендирани изведби на некои од нивните актуелни смартфони, како на пример моделите на Alcatel, кој е под капа на TCL.

Извор: Tech Crunch, Firstpost, Digit

Претходна статијаApple прв пат објави истражување за „Вештачка Интелигенција“
Следна статијаПластичниот отпад ќе се претвора во гориво