Oppo е кинески производител кој сака да наметне свои трендови во мобилната телефонија и добар пример за тоа е моделот F3, кој има двојна селфи камера, на која можат да позавидат многу етаблирани смартфони од високите класи. Сега, тој ќе биде понуден и во црна мат варијанта, која треба подобро да го позиционира меѓу смартфоните од средно-високата класа, каде реално се натпреварува.

Неговите спецификации сепак не се нешто особено – процесорот е на MediaTek со осум јадра на 1,5 GHz помогнат од 4 GB рам меморија и 64 GB простор, секако со можност за проширување преку micro SD картичка до 128 GB. Задната камера има 13 мегапиксели со супер брз PDAF автофокусен систем, но вистинскиот фокус на Oppo кај овој телефон е во предните камери. Тука едната има 16 мегапиксели и има стандардно широк агол на гледање, за единечно селфи, а има и супер широка камера со 120 степени агол на гледање и 8 мегапиксели, наменета за групни селфија.

Oppo F3 инаку има 5,5 инчен Full HD дисплеј, кој е во рамките на класата, како и батерија од солидни 3.200 mAh, кои со оглед на штедливиот процесор, не би требало да имаат проблем да издржат цел ден користење. За жал, црната мат верзија на Oppo F3 доаѓа со стариот Android Marshmallow 6.0, на кој реално не му е место во втората половина на 2017 година. Неговата цена на далечниот исток изнесува 320 долари.

Извор: Gadgets Magazine, Yugatech

Претходна статијаMicrosoft Office 365 отсега достапен и во Windows Store
Следна статијаНов концепт за Google Pixel 2 најавува смартфон со многу мала рамка околу дисплејот