Untitled-1

Windows 10 е достапен за корисниците уште од крајот на јули оваа година. Меѓутоа, како и обично, не сите корисници веднаш се одлучуваат да ја инсталираат новата верзија на самиот почеток. Голем процент од корисниците чекаат да помине одреден период, па да излезат нови надградби кои што ќе ги испеглаат потенцијалните проблеми и багови во првата верзија. Од ноември достапна е новата верзија од Windows 10, па корисниците кои што сега се решија да за првпат го пробаат новиот оперативен систем, „Што после инсталирање на Windows 10 ?“ е одлична статија за почеток на користењето.

Изминатата недела повторно можевме да прочитаме гласини за веќе одамна неофицијално најавуваниот Surface Phone. Овој пат гласините говорат за можноста тој да биде претставен идната година, а задолжен за неговиот развој нема да биде тимот на Lumia, туку тимот кој што ги направи другите, сега веќе супер успешни, Surface уреди.

windows-10-devices-event

Apple изгледа размислува за влез во технологијата на 3D печатење, што со сигурност може да кажеме дека е права технологија на иднината. Денес ги гледаме само почетоците од тоа што оваа технологија ќе може да го направи. Apple за таа цел се здоби со патент кој што покажува дека тие планираат и одредено унапредување на денешната технологија со можност истата да печати во боја.

Уште една навистина интересна статија која што исто така се однесува на технологии кои што почесто ќе ги гледаме во иднина, е поврзана со компанијата Hamai. Тие развиваат технологија за која што најавуваат дека ќе биде во можност да ја пренесе меморијата на човкот од мозокот во вештачка интелигенција. Ова се најавува како еден вид на воскреснување на човекот по неговата смрт.

ID-10073471

Western Digital, поточно компанија во нивна сопственост, претстави хард диск со капацитет од 10 терабајти. Она што сепак го прави овој диск посебен е хелиумот кој што е користен за добивање на многу поголеми брзини на читање на податоци. Тоа се постигнува поради помалата густина на хелиумот, со што се овозможува полесно и побрзо движење на деловите од дискот кои што на овој начин имаат помал отпор од воздухот.

ultrastar-he10-image-640x455

Други статии кои што ја одбележаа минатата недела и вреди да ги прочитате се следните:

Претходна статијаApple се стекна со патент за 3Д печатење во боја
Следна статијаSyncPhone е смартфон со десктоп Windows 10 оперативен систем