aor-1

На сите ни е јасно дека живееме во време кога сме опколени од радио бранови од разни извори. Скоро се што користиме денес функционира преку некаков вид на безжична комуникација. Тука се Wi-Fi мрежите кои ги има скоро секој дом, радио бранови шират и базните станици од мобилните оператори, а има уште многу извори.

Сепак, овие радио бранови не можеме да ги видиме, односно не влегуваат во видното поле на човековото око. За да ни даде до некаде претстава што се не опкружува во денешно време, претставена е апликацијата Architecture of Radio која што моментално е достапна само на iOS, но се очекува и Android верзија наскоро.

Оваа апликација врз основа на дата база на Wi-Fi мрежи, базни станици, GPS сателити низ светот, прави репрезентација на тоа што не опкружува. Тоа значи дека сепак не го претвора вашиот мобилен уред во сензор кој што и не може да биде, туку прави репрезентативни анимации за тоа како би изгледале радио брановите доколку би можеле да ги видиме.

aor-2

Апликацијата која што прикажува проширена реалност на околината, се контролира со движење на уредот. Преку вградените сензори, како и во многу други апликации досега, се следи насоченоста на уредот во просторот, па се прикажува што би требало да поминува таму од радио брановите.

Апликацијата не може да се користи за пронаоѓање на место во вашиот дом каде што има најдобар Wi-Fi сигнал или можеби најмалку радио бранови, па таму да го наместите вашиот кревет или фотеља.

Architecture of Radio не е бесплатна апликација и се продава по цена од 2,99 долари во App Store. Доколку и покрај тоа би сакале да ја пробате, можете да ја симнете преку следниот линк.

Извор: Engadget, The Verge, Architecture of Radio

Претходна статијаСмартпортал неделник 23 – 29 ноември 2015
Следна статијаНов софтвер ќе овозможи 4K резолуција кај телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.