Како што беше најавено, тунелот кој поминува под Лос Анџелес, поточно во само еден дел одградот, а започнува во приградска населба, овој месец е завршен. Елон Маск во текот на вчерашниот ден официјално го презентира завршениот тунел, но без бесплатни возења за јавноста како што беше претходно најавено, а поради големиот интерес.

Целта на The Boring Company е да покаже дека нивната технологија за копање на тунели е побрза и значително поевтина од останатите. Овој тунел чинел само 10 милиони долари, додека се тврди дека сличен тунел направен со стандардната достапна технологија би чинел и до милијарда долари.

Системот е замислено да со лифт ги спушти возилата или патниците во посебно направено возило, до тунелот, по што со големи брзини ќе се движат низ него. Големите брзини би се постигнале со електричниот систем за придвижување, но во овој период не беше претставен, па можеше да се види само Tesla како вози низ тунелот.

Инаку, возилата ќе може да возат низ тунелот со додавање на посебни тркала граничници на своето возило, со што ќе се осигура дека нема да се удрат во тунелот кој е доволно широк да собере едно возило.

Ова е само почетокот и пример за тоа што може да постигне The Boring Company, па останува да видиме дали ќе се зголеми бројот на тунели и подобри сообраќајни решенија во иднина.

ИЗВОРReuters
Претходна статијаБез изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима
Следна статијаМакпетрол ги додели наградите од финалното и четвртото мастер коло од „ВЕРНА повторно наградува“
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.