windows-10-logo-1

Уште на почеток би сакале да нагласиме дека овој начин не е сигурен, односно нема начин да се истестира, а посебно пред 29 јули. Како и да е, за тие коишто сепак не им е до толку важно да го имаат Windows 10, а би сакале да го пробаат и да ја имаат можноста за бесплатна надградба и по 29 јули, може да се обидат на овој начин.

Начинот на којшто се активира Windows 10 по надградбата е преку зачувување на спецификациите на хардверот на уредот на серверите на Microsoft. На тој начин, без потреба од внесување на лиценца, со самото инсталирање на Windows 10 и по надградбата, оперативниот систем ќе биде активиран.

По надградбата на Windows 10 од некоја од постарите верзии од оперативниот систем, корисниците имаат рок од 30 дена да го вратат системот на претходната верзија, доколку не се задоволни од десетката.

Еднаш кога ќе се направи надградба на Windows 10, уредот е зачуван на серверите на Microsoft, што овозможува инсталирање на оперативниот систем на тој уред колку пати сака корисникот. Ова би требало да важи и доколку системот е вратен на постарата верзија, па корисникот реши да ја инсталира десетката повторно и по 29 јули.

Останува уште малку период за искористување на бесплатната надградба, па ќе видиме и дали Microsoft дефинитивно ќе остане на ставот дека истата нема да биде продолжена.

Претходна статијаAsus претстави три нови ZenFone 3 телефони од средната и високата класа
Следна статијаCorsair претстави ултра брз DDR4 рам со водено ладење и кулери со магнетна левитација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.