Lumia-950-and-XL-940x470

Поминати месеци кога Windows 10 Mobile требаше да биде пуштен веќе не се малку. Последните информации говореа дека тој ќе биде готов до крајот на минатата година, за да тој рок потоа биде поместен за почетокот на оваа.

Иако не беше нагласено во точно кој период од почетокот на годината би можело да се очекува пуштање на новата верзија, сепак почнаа да излегуваат информации дека тоа ќе биде јануари. Некои оператори во одредени земји веќе го имаат и завршено тестирањето на оперативниот систем, па се очекуваше дека неговото пуштање како надградба е веќе спремно и се чека само формална одлука.

Можеби за тие што набљудуваат од страна ова делува како несериозно, меѓутоа корисниците на Windows Insider верзиите од системот знаат дека има уште по некоја работа останата за „пеглање“ за да може да се каже дека системот е спремен за масовно користење.

Најновиот рок којшто наводно е пратен до партнерите од страна на Microsoft е февруари. До тогаш се очекува да се средат сите останати ситници коишто довеле до повторното одложување, па корисниците на постарите Lumia телефони може да очекуваат конечно да видат достапна надградба.

За јануари исто така беше одложена и сервисната надградба за Lumia 950 и 950 XL, двата единствени телефони коишто официјално работата на Windows 10 Mobile.

Последните верзии од Windows 10 Mobile во главно беа насочени кон исправка на багови и подобрување на перформансите. Додавањето на нови функции, како и промената на корисничкиот интерфејс ќе биде работа оставена за по пуштањето на доволно стабилната финална верзија за сите корисници.

Пуштањето на Windows 10 Mobile се чека и поради излегувањето на универзалните апликации коишто се повеќе ги има на десктоп верзијата. Доволно големиот број на корисници и на мобилната верзија ќе го забрза процесот на пуштање на мобилната верзија од универзалните апликации, барем за тие коишто веќе се достапни на десктоп верзијата.

Извор: Ubergizmo, VB

Претходна статијаКонцепт за купување во маркетите без чекање на долгите редици
Следна статијаПет директори ги напуштаат своите позиции во Twitter
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.