Fingerprint го носи македонскиот шарм….испечатен на маица

Fingerprint е еден нов интересен стартап, чиј бренд за своја тема и инспирација ги зема македонската убавина

Fingerprint е името на новиот бренд на македонското модно небо. Премиерно промовиран на неодамнешниот Skopje Fashion Weekend, со својата прва едиција наречена Macedonian beauty – овој нов бренд како тема ги зема македонскиот дух и нашите македонски одлики.

Fngerprint (https://www.facebook.com/fingerprint.mkd/)  на уникатен начин го покажува пред македонската јавност и светот она што ја прави Македонија различна од другите, па за инспирација ја земаат храната, историјата, сегашноста, сонцето, па и ракијата!

Освен што основниот производ изгледа одлично, воведуваат и новитет со нивните креативно осмислени продажни места, промоција и ексклузивни пакувања… што Fingerpring како бренд го прави успешно заокружен концепт кој е одлично дизајниран и осмислен.

Сите дизајни од едицијата Macedonian beauty може да се погледнат на следниов ЛИНК.

Претходна статијаFacebook објави девет мерки што ги презема по скандалот со Cambridge Analytica
Следна статијаРСБСП: Возете внимателно за време на велигденските празници