pic1

TouchPico е мини преносен проектор, со големина доволно мала за да може да се држи со една рака, направен е од страна на TouchJet и претставува уште еден концепт претставен на CES2014. Ова е еден од поинтересните геџети преставени на годинешниот настан, а тоа што го правен посебен е вградениот Android оперативен систем, па покрај како обичен проектор на кој што може да се поврзат други уреди, тој може да работи независно проектирајќи ја сликата од Android, без потреба од додатни уреди. Работи на Android 4.0 и сликата ја проектира на било која површина, претворајќи ја во еден вид на таблет или интерактивна табла, со која што може да се работи преку специјалното пенкало кое работи со инфрацрвени зраци, кое што се користи како контролер на допир.

Со оглед на можностите на овој уред, односно проектирање на Android оперативниот систем на било која површина, намената е доста корисна и може да се користи како, преносна табла за било која намена, на пример во училиштата, за бизнис презентации, гледање на филмови или играње на игри на поголем екран. Исто така поради можноста да се поврзат и додатни уреди, можно е проектирање на екранот од било кој друг Android уред или екранот од било кој PC или Mac компјутер.

pic3

pic5

За интеракција со проектираната содржина се користи специјалното пенкало кое што работи на батерии кои што може да се менуваат. Исто така можно е поврзување на безжичен маус.

Карактеристики на TouchPico:

  • Вграден Android 4.0
  • Интегриран Wi-Fi чип
  • SD мемориска картичка
  • HDMI влез
  • Audio излез
  • Поддршка за безжично глувче
  • Јачина на проектираната слика од 100 лумени
  • Безжично стримување од Android телефони и таблети, PC и Mac компјутери
  • Уникатно пенкало за допир овозможува висока осетливост како екран на допир и прецизност на пенкало

Претставениот уред е само пример и истиот се планира да се претстави на Kickstarter за прибирање на средства за негов развој.

Претходна статијаLumo Lift ќе ве потсетува да седите и стоите исправено
Следна статијаMicorosoft го надгради процесорот во Surface Pro 2 само после 2 месеци од претставувањето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.