Surface Pro 2 новата верзија од таблет компјутерот од Microsoft кој што работи на целосната верзија од Windows 8.1 беше претставен во Октомври 2013. Истиот дојде со новата генерација на Intel процесори, што овозможи и подолго траење на батеријата. Конкретно таблетот дојде со Intel Core i5 4200U кој што работи на 1,6 GHz.
Без никакво соопштение или некаква најава од Декември 2013 Microsoft за сите нови Surface Pro 2 купени уреди или за заменетите уреди пореди проблем, почна да вградува нешто појак процесор. Се работи за Intel Core i5 4300U моделот кој што работи на нешто појака фреквенција од 1,9 GHz и 100MHz повеќе за графичкиот процесор. Која е причината за оваа мала надградба, но и дали корисниците воопшто ќе можат да забележат некаква разлика не е познато.