87537f59a37296ea5af85f7f034bd371_large

Една од работите кои што трпат од модерниот стил на живеење е добриот сон кој што му е потребен на организмот и кој што ќе не направи расположени наредниот ден. Поради разни причини луѓето имаат проблеми со заспивањето, квалитетот на сонот, како и бројот на часови поминати во спиење. На пазарот можат да се најдат доста нови производи кои што се обидуваат да добијат на популарност искористувајќи го овој проблем кој што го имаат луѓето. Sense еден од овие производи кој што сепак се разликува од неговата конкуренција по неколку уникатни карактеристики.

Sense е составен од мал интересно дизајниран уред кој што се поставува во вашата соба, Sense Pill (пилула) која што се закачува на вашата перница и мобилна апликација достапна за Android и iOS. Секој од овие три работи има своја улога во целиот систем кој што се обидува да го подобри вашето спиење преку собирање на информации кои што потоа можете да ги искористите за правење на одредени промени.

Главниот уред кој што се поставува во собата има улога на сензор кој што ја детектира температурата и влажноста, светлината и честичките во воздухот како што е прашината или поленот. Овој уред исто така вклучува осветлување, микрофон и звучник кој што може да се користи за слушање на смирувачки звуци кои што треба да ви помогнат да заспиете, а исто така за алармот на уредот. Sense пилулата се закачува на вашата перница и ги следи вашите движења преку вградените сензори, односно жироскоп и акцелерометар.

Sense системот додека спиете ги следи случувањата во вашата соба, како и вашите движења. Од информациите кои што ги собира креира извештај кој што можете да го прочитате наредното утро, а исто така се учи да ги прилагодува условите во собата. На мобилната апликација можете да видите колку часа имате спиено и дали во текот на ноќта се имате разбудено. Доколку пилулата детектира дека почнувате многу да мрдате, за вклучува микрофонот кој што ги снима звуците и ви овозможува наредниот ден да видите што е тоа што ве има разбудено. Користејќи го Sense уредот ќе можете да видите дека секоја вечер се будите во 3 часот поради тоа што на вашиот паркинг се паркира автомобил и ве буди и слично. Ваквите информации ви овозможуваат да го видите процесот на вашето спиење и доколку има одредени работи кои што предизвикуваат проблем, истите да ги отстраните или да најдете некое друго решение.

a38dd71049c7994fdb36359981c4f228_large

Sense исто така се користи и како аларм кој што ве буди во моментите кога не сте во длабок сон. Тоа значи дека доколку го наместите вашиот аларм да ве разбуди во 7 часот наутро, меѓутоа од сензорот се добива информацијата дека не сте во длабок сон 15 минути порано, алармот ќе ве разбуди наместо да остави длабоко да заспиете и будењето да биде потешко. Будењето во фазата кога не сте во длабок сон треба да овозможи полесно расонување и свежо чувство, за разлика од будењето од длабок сон.

Уредот моментално е во фаза на прибирање на средства преку Kickstarter и има собрано повеќе од 50.000 долари од потребните 100.000 на 29 дена до истекот на рокот. Може да се нарача по цена од 99 долари, по што ќе се продава по повисока цена.

Извор: The Verge, Kickstarter

Претходна статијаНадградена Play Store на Android, го вклучува новиот Material Design
Следна статијаMicrosoft ќе ги спои различните верзии од Windows во еден оперативен систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.