2e4fdb76f2c653cc73317f046324bb8a_large

Катанците иако стари производи, се’ уште се едни од најмногу користените производи за заклучување на одредени простории или предмети. Се користат за заклучување на велосипедите, за заклучување на подрумските простории, складишта и слично. Меѓутоа овој производ се’ уште ги користи клучевите или бравите со комбинација на бројки за нивно заклучување, односно отклучување.

Noke е катанец кој што ја искористува достапноста на технологија во 21-от век и го модернизира овој едноставен, а корисен производ. Наместо користење на клучеви, кои што многу лесно можат да бидат изгубени, кои доколку ги дадете на некого треба да запомнете да ги земете или користењето на шифри кои што лесно можете да ги заборавите, Noke работи едноставно преку Bluetooth. Овој катанец не вклучува никакви брави, односно клучеви или шифри. Единствен начин да биде отклучен е преку поврзување со апликацијата на вашиот мобилен телефон со која што се поврзува преку Bluetooth LE. Апликацијата е достапна за двете најпопуларни платформи, односно за Android и iOS. Катанецот исто така е отпорен на вода, па е погоден за користење на било какви локации.

391daed545df2d1b2adbb79ea6faed4b_large

Катанецот работи на тој начин што го поврзувате со вашиот мобилен телефон, по што секогаш кога сакате да го отклучите се што треба да направите е да го притиснете горниот дел од катанецот и тој ќе се отклучи, се разбира доколку се доволно блиску за остварување на Bluetooth конекција, односно не подалеку од 3 метри. Доколку го заборавите вашиот мобилен телефон или се погоди да неговата батерија е потрошена, Noke можете да го отклучите преку притискање на одредена секвенца на горниот дел.

Noke исто така поддржува споделување на пристапот до други корисници. Тие се што треба е да ја инсталираат апликацијата, по што вие ќе им доделите пристап. Тогаш и вашите пријатели ќе можат да го отклучат катанецот на ист начин како вас. Пристапот можете да го доделите еднократно или во одредени претходно прилагодени денови.

Овој катанец е погоден за користење на сите места каде што и досега имате користено катанци. Доколку сакате да го користите за вашиот велосипед, можете да го нарачате и додатниот кабел и држач, а можете да го користите и со ваш постоечки.

e89f8d2f9e3db642548680298a2b6ea4_large

Noke моментално е понуден на Kickstarter платформата каде што има собрано нешто повеќе од 35.000 долари од потребните 100.000 на 30 дена до истекот на рокот. Може да се нарача по цена од 59 долари, а кабелот за велосипед чини дополнителни 20 долари.

Извор: Kickstarter

Претходна статијаIntel и компанијата на 50 Cent претставија слушалки кои што го мерат пулсот
Следна статијаTwitter тестира прикажување на вашите омилени твитови на листата со новости
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.