meta-line

Ова е уште еден од неколкуте претставени паметни часовници на CES2014, што очигледно покажува дека покрај телевизорите со 4K резолуција, паметните часовници ќе бидат исто така актуелни оваа година.

Карактеристично за META часовникот е што е направен со цел да изгледа подобро од останатите паметни часовници, кои што според неговите производители се доста големи и не оставаат квалитетен впечаток поради пластичната изработка. Овој часовник е дизајниран од страна на Frank Nuovo, поранешен дизајнер од Nokia и Vertu, преку неговото Design Studio Nuovo. META е потенок од останатите часовници, направен е од метал и кожен ремен. За подобро чувство при носење, ременот се поврзува со часовникот поблиску до средината на истиот, па се добива многу подобро чувство при носење, според Nuovo.

MetaWatch е компанија формирана од страна на бивши инженери од Fossil американска компанија за часовници. Истите со новиот META часовник сакаат да постигнат поголема популарност на паметните часовници, кои што би почнале да се носат наместо обичните.

Други што претставија поелегантен часовник на CES2014 настанот се и Pebble, кои претставија нов челичен модел од нивниот познат паметен часовник.

Претходна статија4К новитети и содржина
Следна статијаProject Christine од Razer – концепт на модуларен десктоп компјутер
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.