Заинтересираноста за 4К (ултра HD) телевизори, секојдневно добива се поголема димензија. Различни производители, компании како Phillips, Polaroid, LG, Toshiba нудат вакво задоволство за цени под 3 000 долари. Оваа технологија, во споредба со HD станува се по актуелна поради извонредните карактеристики. Исто така Ултра HD технологијата е доста застапена на овогодинешниот CES2014 настан, па во продолжение на кратко може да прочитате за каква технологијта поточно се работи.

Ултра HD е термин со кој се објаснува нов видео формат со висока резолуција. Ултра HD се однесува на две различни резолуции односно на 4К Ултра  HD (3840 × 2160 пиксели) и 8К Ултра HD (7680 × 4320 пиксели).

4К Ултра HD се одликува со двапати поголема вертикална и хоризонтална резолуција, односно 4 пати повеќе пиксели да ги заслепат вашите очи. Првично терминот 4К се користел да се објасни дигитално кино ( 4096 × 2160 пиксели), но оваа резолуција сеуште не е достапна за стандардни корисници, па со мало прилагодување, Ултра HD е технологија со намалена резолуција од 3840 × 2160 пиксели.

4k-tv

Од самиот почеток, цените за овие нови телевизори беа енормно големи, над  150 000 долари, но The Wall Street Journal (http://online.wsj.com/news/articles/SB10001424052702304361604579292630876600834) најави дека 4К технологијата ќе биде подостапна и за стандардните корисници во 2014, како што може и да се види од претставените производи на CES2014.

Предводена од компаниите како Samsung, Sony, LG и Toshiba, се создава голема конкуренција која ќе допринесе за големо намалување на цените.  Интересна вест доаѓа од Polaroid, кои на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника ќе претстават  50 инчен телевизор со 4К технологија за само 1000 долари.

Со овие новости може да се очекува поголема заинтересираност на пазарот за оваа нова технологија.

Претходна статијаASUS најави нов 27-инчен WQHD гејминг монитор
Следна статија4К новитети и содржина