Google патентира технологија за следење на очите за примена во виртуелната реалност

Технологијата треба да ги процени изразите на лицето преку следењето на очите и истите да ги пренесе на карактерот на корисникот во виртуелната реалност

Виртуелната реалност, иако е навистина интересна и со текот на времето ќе станува е повеќе интересна, но и ќе има се поголема примена, моментално се’ уште е на маргините и ја користат помал број на корисници.

Патентите кои ги поднесуваат компаниите секогаш се добар начин да видиме во кој правец може да се движи одредена технологија, односно што може да очекуваме во иднина да видиме од истата.

Google поднесе патент којшто ни покажува што можеме да очекуваме од виртуелната реалност во иднина, а ова е нешто што секако е неопходно во нејзиниот развој.

Поточно, Google патентира технологија составена од камери кои ќе ги следат очите на корисникот на уредот за виртуелна реалност. Од тие информации, односно од следењето на очите, технологијата ќе го проценува моменталниот израз на лицето на корисникот, односно дали тој се смее, се лути, се чуди и слично.

Потоа, по проценката на изразот на лицето, истиот ќе биде пресен во виртуелната реалност, односно на карактерот на корисникот во неа или како што поточно се нарекуваат овие карактери, аватари.

Тоа значи дека корисниците кои играат игри или користат одредени друштвени апликации кои подразбираат реална интеракција со аватари, другите корисници ќе можат да го видат точниот израз на лицето на корисникот, односно неговата реална реакција на интеракцијата која се случува.

Ова секако нема потреба да назначиме дека е клучно за виртуелната реалност да може да се каже дека е целосна, па добро е што гледаме дека Google работи во правец на развој на ваква технологија.

Оставете коментар