Swoden-Bunny-iPhone-case-796x398

Популарноста која ја стекна со протекувањето на тајните на „Националната Агенција за Безбедност“ на САД, Едвард Сноуден ќе се обиде добро да ја наплати со нова футрола за iPhone (развиена заедно со хакерот Ендрју Хуанг), која ќе му кажува на корисникот доколку се користат антените на уредот, без тој да го сака тоа.

На пример, според Сноуден, дури и ако го ставиме телефонот на “Airplane Mode”, властите имаат начини да го активираат телефонот за да извршат прислушување или пак дури и да ја вклучат камерата. Исто така, исклучен интернет сообраќај на телефонот не значи дека тој нема да биде активиран однадвор.

Acr821342097496832-8341-1024x768

Новата футрола од Сноуден се приклучува во влезот за SIM картичката на iPhone и ќе го предупредува корисникот доколку се користат неговите антени, без тој да го прави тоа. На футролата има и црно-бел дисплеј на кој ќе се покажува статусот на антените, вклучувајќи ја онаа за LTE, Wi-Fi, GPS и Bluetooth.

На футролата ќе има и копче со кое ќе можат вистински да се исклучат сите антени, но и целосно да се исклучи уредот. Причината е што многу малициозни софтвери денес можат да го излажат корисникот дека телефонот е изгасен, но тој да продолжи да работи во позадина и да црпи информации. Со оваа футрола, телефонот ќе може вистински да се изгаси и да бидете целосно заштитени.

Засега нема најави за тоа колку ќе чини оваа футрола и дали воопшто ќе почне да се продава, иако според Сноуден финалната верзија треба да пристигне наредната година. Исто така, нема информации за тоа дали ќе биде достапна и за други телефони, што би било навистина добро.

Извор: Wired, 9 to 5 Mac, The Next Web

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.