Bookings-2

Microsoft оваа недела претстави уште еден нов веб сервис како дел од Office 365 понудата за бизнис корисниците. Наречен Microsoft Bookings, овој сервис им овозможува на корисниците организирање и менаџирање на резервациите на нивните клиенти.

На пример, Microsoft Bookings може да се користи од некој од фризерските салони. Наместо закажувањето на термините да се одвива по телефон, пораки, мејлови и слично, клиентите може сето тоа едноставно да го направат преку Bookings.

За таа цел, корисниците на Bookings добиваат посебна страна за правење резервации до која едноставно можат да линкуваат од нивната бизнис страна, Facebook или преку имејл. Клиентите се што треба е да го изберат саканото време и да ги внесат своите податоци, по што ќе добијат мејл со потврда.

Системот овозможува промена и откажување на резервациите од страна на бизнисот, но и клиентот. Бизнисите можат да наместат и потсетници кои би биле испраќање до клиентите во саканото време.

Направените резервации може едноставно да бидат додадени и во календар апликации, како на бизнисите, така и на клиентите.

Бизнисите кои ќе го користат Bookings имаат целосен увид во направените резервации, како и тоа на кои вработени се доделени. Секоја направена резервација го внесува тој клиент автоматски во посебна база, со што бизнисите добиваат можност за дополнително контактирање во иднина.

За понатаму се планира претставување на iOS апликација преку која бизнисите ќе можат да ги менаџираат резервациите кога не се на нивниот компјутер.

Извор: Office Blogs

Претходна статијаЕдвард Сноуден ќе претстави футрола за iPhone која ќе предупредува доколку сте „прислушувани“
Следна статијаПретставено Gorilla Glass 5 стаклото, отпорно на кршење од падови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.