Фото од Thomas Ehrhardt преку Pixabay

DJI е најверојатно најпознатото име кога се во прашање малите беспилотни летала наменети за секого. Оваа кинеска компанија веќе неколку години ги претставува едни од најнапредните таканаречени дронови, а корисниците од разни категории ги купуваат за забава, но и за предностите кои овие летала ги овозможуваат за професионалците.

Еден од проблемите кои се појавија со комерцијализирањето на дроновите е можноста истите да ја загрозат безбедноста на авионите и хеликоптерите. Иако ова често почна да станува случај од несовесни „пилоти“ кои сакаат да објават интересни и ретки снимки од аеродромите каде е забрането да ги прелетуваат своите дронови, сепак има ситуации кога регуларната и легална работа од страна на професионалците може да предизвика проблеми.

DJI во нивните дронови од идната година ќе почне да вградува технологија која ја нарекуваат DJI AirSense, која ќе треба да придонесе во правец на подобрување на безбедноста и „довербата“ во дроновите, односно дека тие не претставуваат проблем за безбедноста на комерцијалниот воздушен простор.

Технологијата е истата која ќе биде вградувана во авионите и хеликоптерите од идната година, а е наречена Automatic Dependent Surveillance-Broadcast (ADS-B). Во основа оваа технологија емитува дополнителен сигнал од леталата со што може да се одреди нивната локација, висина и слично.

Кога во близината на дронот ќе се приближува авион или хеликоптер, софтверот ќе го извести тој што го контролира ова летало, а ќе му ја прикаже и локацијата. Тогаш тој ќе може да го тргне дронот на безбедна висина и оддалеченост, со што ќе се избегне или барем намали ризикот од предизвикување на проблеми.

Ова како и да е нема многу да влијае на тие кои намерно ги летаат своите дронови во близина на авиони, но секако ќе биде корисно за професионалците.

ИЗВОРDJI
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаGoogle наводно истакнува пред американските власти дека забраната за соработка со Huawei ќе има полоши последици за националната безбедност
Следна статијаМакедонска берза и официјално ја претстави crowdfunding платформата Funderbeam
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.