Lumia-950-and-XL-940x470

После подолго време на чекање и одложување, порталот Venture Beat преку нивни извор тврдат дека Microsoft ќе ја најави надградбата, односно финалната верзија на Windows 10 Mobile денес (17-ти март).

Веќе неколку информации го посочуваат овој месец како месецот кога конечно ќе стане достапна оваа платформа за Lumia моделите.

Информациите од Venture Beat не кажуваат ништо повеќе од тоа дека денес треба да биде најавена надградбата, како и тоа дека веднаш ќе биде достапна за симнување од компатибилните уреди.

Според претходните информации, на почеток заинтересираните корисници ќе треба самите да ја иницираат надградбата преку уредот, по што Microsoft ќе почне да ги потсетува корисниците доколку не го направиле истото.

Друг показател дека развојот на Windows 10 Mobile е стигнат до крајот се и неколкуте најави и претставувања на апликации за оваа платформа. Една од тие апликации е долгоочекуваната Instagram којашто е достапна во бета верзија за сите корисници.

Со оглед на временската разлика со САД, дали оваа информација ќе се покаже како точна ќе дознаеме до вечер, па следете не за повеќе информации.

Извор: VB

Претходна статијаHTC 10 ќе има најдобри камери во класата?
Следна статијаLastPass претстави апликација за дво-факторска автентикација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.