IFA 2018 Berlin

Windows 10, како што сигурно веќе знаете, функционира нешто поразлично од претходните верзии од Windows. Десетката ја задржува својата главна верзија, но добива многу повеќе надградби за разлика од старите верзии од системот. Покрај стандардните безбедносни надградби и тие за исправки, Windows 10 добива и две поголеми надградби со нови функции во текот на годината.

Претходната надградба беше пуштена на крајот од април годинава со што остана уште една надградба која сега официјално знаеме дека ќе биде пуштена во октомври, односно за отприлика месец и нешто од сега.

Официјалното име на оваа надградба ќе го продолжи стилот на именување кој Microsoft го започна со надградбата од април, па октомвриската соодветно ќе биде наречена Windows 10 October 2018 Update.

Верзијата која ќе им биде достапна на сите корисниците се очекува да биде завршена некаде на половината од септември, што значи дека корисниците кои ја користат Insider верзијата ќе почнат да ја тестираат финалната верзија. Доколку се помине како што треба, се очекува официјализирање на истата до крајот на месецот, па после неколку недели да почне да им биде пуштана на сите корисници.

Што се однесува до новините на октомвриската надградба, тие вклучуваат работи како подобрена работа на Microsoft Edge, темна тема на File Explorer, нов Clipping Tool, зачувување на копираните работи во clipboard и можност за нивно синхронизирање со облакот и повеќе.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаHuawei со AI Cube со Alexa вграден софтвер го најави влезот на пазарот на паметни звучници
Следна статијаGoogle Chrome наполни 10 години
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.