Почнувајќи од најновата верзија на Windows 10, корисниците веќе нема да мора да ги променат своите лозинки после одреден период. Оваа новост повеќе ги засега деловните корисници, односно систем администраторите, како и тие кои користат локална сметка на Windows 10, а не нивната Microsoft сметка.

Правилата се менуваат само за рокот на траење на лозинките, а остануваат правилата за должината на лозинката и слично. Целта сепак не е да се намали безбедноста, а од Microsoft сметаат дека на овој начин и ќе се зголеми.

Причината за оваа одлука е верувањето дека честите промени на лозинките повеќе донесуваат проблеми, а со тоа и намалување на безбедноста, отколку нејзино зголемување.

Корисниците имаат обичај да користат лозинки кои не се сметаат за безбедни, односно не се сложени, а доколку од нив е побарано да користат сложена лозинка, истата често ја запишуваат на место каде што истата може да биде најдена.

Исто така, кога од нив се бара честа промена на лозинката, тие користат најчесто некоја слична, со мали промени, со што оваа лозинка станува не толку безбедна. Кога на тоа ќе се додаде дека корисниците често знаат да ја користат истата или слична лозинка на повеќе сервиси, безбедноста скоро и не постои веќе.

Од Microsoft истакнуваат дека доколку одреден лозинка не била откриена, не постои потреба истата да биде променета. Промена се прави само при откривање, а тоа се прави веднаш и не се чека истекот на рокот на истата.

На сето ова се додава дека покрај лозинката, за многу подобрена безбедност се препорачува користење на дво-факторска автентикација, со што самата лозинка не е главната заштита на сметката.

Компаниите полека преминуваат и кон најавување без лозинка, односно само добивање на известување кое треба да се потврди преку мобилна апликација, без внесување на лозинката на местото каде што се најавуваме.

ИЗВОРMicrosoft
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаМакедонија домаќин на третата меѓународна конференција за телекомуникации BalcanCom
Следна статијаFirefox ќе има премиум додатоци кои ќе овозможат дополнителна независност на Mozilla
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.