Microsoft

Изминатата недела во САД излезе информацијата за хакирање повеќе државни институции, како и приватни компании. Хакот доаѓа преку напад на софтверот на американската компанија SolarWinds која е една од најпознатите во своето поле и чиј софтвер за менаџирање на мрежите го користат голем број на компании во светот.

Поточно, малициозен код бил додаден во Orion софтверот од SolarWinds со што е продолжено со напад кон повеќе други компании и државни институции. Ова може да се каже дека е еден од најголемите хакерски напади за кој се најавува дека е направен од страна на некоја држава, односно не се работи за некои од познатите и независни хакерски групи.

Иако уште официјално не се истакнува, се верува дека изворот на нападот ќе биде лоциран во Русија, за што се наведува дека се прави со цел унапредување на нивните шпионски агенции и способности.

Во овој случај посебно се ангажира Microsoft, а претседателот на одборот на директори на компанијата, Бред Смит, излезе со посебна и детална објава во која ги објаснува случувањата и најавува повеќе за периодот што следи. Тој преку објавата се обидува да објасни колку е сериозен овој напад и дека е потребно подобрување во заштитата, како и одговорот на ваквите случувања, дури и од владини агенции.

Според него, целта на овој напад е да се намали довербата во светската инфраструктура и да се унапреди разузнавачката агенција на една нација. Со ова се гледа дека во периодот што следи може да очекуваме истакнување на таа една нација, за која неофицијално се верува дека е Русија. Според информации, Microsoft ќе излезе со сериозни докази за тоа од каде доаѓа овој напад.

Насловната слика е приказ од Microsoft каде се е стигнат нападот, кој во главно се одвива во САД. Информациите доаѓаат од корисниците кои го имаат инсталирано пробиениот софтвер од SolarWinds и кои го користат Windows Defender од Microsoft.

Целата објава на Бред Смит можете да ја прочитате на овој линк, а во периодот што следи се очекуваат многу повеќе информации.

Иако од Microsoft не ја потврдуваат информацијата, се верува дека хакирани се и дел од нивните системи, но сепак ќе треба да почекаме да излезат повеќе информации за потврда.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2ZDNet
Претходна статијаHuawei објави кои модели и кога ќе ја добијат верзијата EMUI 11 на македонскиот пазар
Следна статијаНовина поврзана со приватноста во iOS 14 предизвика проблем помеѓу Apple и Facebook
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.