xiaomi-mi-bunny

Кинескиот производител на паметни телефони Xiaomi не престанува да го шири бизнисот во други насоки – нивниот нов уред е паметен часовник наменет за децата, преку кој ќе може и да се извршуваат повици.

Часовниците нормално доаѓаат во живи бои (светло сина и розова) и немаат дисплеј во боја, односно имаат вградено диоди кои може да прикажат различни информации. Предноста на овие часовници е што можат да се користат и како паметни телефони – доаѓаат со вградена при-пејд картичка во Кина.

Mi Bunny имаат и GPS и GLONASS за лесно позиционирање, кои родителите можат да ги користат за полесно да го следат своето дете. Родителите можат и да стават предефинирани зони на движење, од кои доколку излезе детето, часовникот ќе го алармира да се врати назад. Часовникот има и SOS функција, која функционира со притискање на само едно копче и која веднаш го алармира родителот за локацијата на детето, заедно со аудио запис од 7 секунди.

Xiaomi Mi Bunny доаѓа и со W-Fi за поврзување на интернет, како и Bluetooth за поврзување со Android смартфон (најмалку 4.4 KitKat). Батеријата има капацитет од 300 mAh, доволно за 6 дена стендбај.

Според сето ова, овој часовник има многу смисла, за разлика од паметните часовници за возрасните, кои освен за нотификации и следење на спортските активности, не се користат за многу други работи. Xiaomi планира подоцна годинава да лансира ваков часовник и за повозрасните, кој веројатно ќе биде повеќе насочен кон следење на спортските активности.

Извор: Android Central, The Verge, Ubergizmo

Претходна статијаНајбезбедниот смартфон на планетата пристигнува на 17 мај, ќе чини 20.000 долари
Следна статијаWindows Live Mail 2012 нема да може да работи со Outlook.com – уште една причина за надградба на Windows