Watch GT серијата на паметни часовници од Huawei доби уште еден часовник кој посебно ќе го привлече вниманието на корисниците. Се работи за Watch GT Cyber и се разликува по можноста за прилагодување според вкусот на корисникот, а и потребите, од секој друг паметен часовник на пазарот, па вклучувајќи ги и тие од Huawei.

Watch GT Cyber е направен во класичниот кружен дизајн, карактеристичен за оваа серија од компанијата, но овој пат телото на часовникот, односно екранот и електрониката, можат да се извадат од рамката и ремчињата.

Потоа „уредот“ може да се додаде на три различни рамки и ремчиња, поточно Urban, Sports и Fashion. Со ова, корисниците може да имаат часовник за различните нивни потреби, без да треба да имаат повеќе часовници.

Urban и Fashion рамките се изработени од „нано-кристална керамика“ и железо, додека Sports рамката е изработена од композитни влакна.

Големината на екранот на Watch GT Cyber е 1,32 инчи и има резолуција од 466 на 466 пиксели, што е доволно за одлични 352 пиксели на инч.

Што се однесува до карактеристиките, тие се очекуваните како HarmonyOS оперативен систем прилагоден за часовниците, повеќе од 100 видови на вежби, следење на спиењето, кислородот во крвта и слично.  

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаНајновата верзија од PowerToys донесува две нови и корисни функции
Следна статијаЧетири главни теми во фокусот на 5. Годишна конференција за е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.