PowerToys е апликација од Microsoft која на Windows му додава низа на функции кои не се дел од оперативниот систем. Поради ова таа во главно се смета како наменета за понапредните корисници, а за првпат ја доби својата популарност во Windows 95, по што повторно беше вратена во 2019.

Една од првите и најпознати функции кои се дел од оваа апликација е FancyZones која ја надополнува одличната функција на Windows за поставување на отворените прозори на делови од екранот.

Најновата верзија од PowerToys е 0.64, што значи дека уште ја чекаме финалната верзија од апликацијата, иако истата функционира веќе со години. Оваа верзија донесува две нови функции кои се корисни и вреди да се споменат.

Првата нова функција е наречена File Locksmith. Со оваа функција може да се открие апликацијата која не дозволува да се избрише одредена датотека. Не ретко се случува да некоја датотека не може да се избрише, па доколку не е очигледно дека истата е отворена во некоја апликација, односно апликацијата ја имате затворено, не е лесно да се дознае кој процес ја држи оваа апликација. Со File Locksmith сега тоа може лесно да се дознае, па да се прекине процесот и датотеката да се избрише.

Втората функција не е до овој степен корисна, но сепак олеснува одредена работа која им е потреба на одредени корисници. Истата е наречена Host File Editor и како што кажува самото име, овозможува кориснички интерфејс за измена на Host датотеките за тоа да не мора да се прави преку Notepad или некоја друга ваква апликација.

PowerToys е достапна преку Microsoft Store, како и преку овој линк.

Претходна статијаInstagram преку веб страната добива нов изглед подобар за поголемите екрани
Следна статијаWatch GT Cyber од Huawei доаѓа со три различни рамки кои може да се менуваат
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.