Иако од Instagram уште не планираат да претстават верзија од нивната апликација специјално развиена за таблет компјутерите, пристапот до мрежата сега ќе биде нешто подобар преку поголеми екрани од тие на смартфоните.

Мал редизајн има добиено Instagram.com страната која обично се користи за пристап до мрежата од десктоп, но може да се користи и за пристап од таблет компјутерите.

Наместо обид да се има ист или сличен кориснички интерфејс со мобилната апликација, Instagram преку веб сега е соодветно прилагодена за пристап преку компјутер.

Лентата која досега беше поставена на горната страна, сега е преместена на левата, а покрај тоа додадени се одредени промени кои на корисниците преку оваа страна им дава повеќе слично искуство како на мобилната апликација.

Од новата лента корисниците имаат пристап до пребарувањето на мрежата, до Explore делот, пораките, а тука се и прилагодувањата на корисникот.

Според информациите, овој нов дизајн го немаат добиено сите корисници, но не би требало да се работи само за тест, туку за промена која наскоро ќе им биде пуштена на сите.

Доколку сте корисник на некој таблет компјутер и не ви се допаѓа Instagram апликацијата на поголемиот екран, сега може да се обидете да ја користите оваа мрежа преку нејзината веб страна.

Претходна статијаКонцепт смартфон од Xiaomi може да му се додаваат Leica леќи како на обичен фото апарат
Следна статијаНајновата верзија од PowerToys донесува две нови и корисни функции
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.