holodeck-steam-vr

Ако некој од Вас досега имаше сомневања за целата фама со виртуелната реалност, еве едно виртуелно искуство кое веројатно ќе ве натера и вие да посакате еден таков уред. Имено, корисници на reddit се сетија да ја вградат една од најкул работите од научно фантастичните филмови – холодекот во Star Trek.

Холодекот, односно холограмската соба на Капетанот Жан Лук Пикард и неговите придружници во истражувањето на Вселената, може да направи една цела холограмска реалност. На пример, откако ќе влезете во собата, може да изберете да се наоѓате на планина, на плажа или пак на било која друга планета и околината целосно ќе се прилагоди, заедно со менување на температурата, временските услови и мирисот.

Ние сме многу далеку од тоа да имаме ваква соба, но тоа уште сега барем можеме да го искусиме преку Vive уредот за гледање на виртуелна реалност на HTC, заедно со Steam VR платформата за игри.

Апликацијата е во развојна фаза и е ограничена само на тоа како изгледа холограмската соба, но би било супер ако дивелоперите можат да вградат различни околини, исто како што може да се направи во вистинската соба во серијалот “Star Trek: The Next Generation”.

За „Трекерите“ (вљубеници во Star Trek), оваа апликација може да е остварување на сонот и да им овозможи буквално преселување во нивниот омилен имагинативен свет.

Секако, се додека не се сопнете на некое столче додека шетате низ Вашата реална соба или пак Капетанот Пикард не ве повика на мостот бидејќи Ѕвездениот Брод “Enterprise“ штотуку беше нападнат од “The Borg”.

HTC Vive, уредот за кој е развиена оваа апликација инаку е единствениот што овозможува движење низ виртуелната реалност со реално движење низ собата каде се наоѓате.

Извор: Engadget, Tech Times, Kotaku

Претходна статијаКритична маса #47: Скопје не е паркинг
Следна статијаКако медитацијата го менува нашиот организам?