smr150 copy

Корејскиот гигант неодамна ја обнови понудата на паметни часовници со одличниот Gear S2, а доколку можеме да веруваме на новите протечени информации, тие планираат да лансираат и фитнес насочена верзија, која ќе доаѓа со вграден био процесор за мерење на сите витални функции на организмот.

Samsung SM-R150 би требало да е првиот паметен уред со ваков процесор, кој има многу повеќе можности за мерење од досегашните обични ARM процесори, но исто така часовникот веројатно ќе доаѓа со дополнителен уред кој може да се стави на облеката во пределот на срцето, а кој ќе треба да ги мери информациите од него, односно да прави целосен кардиограм.

smr150

Настрана фитнес можностите, новиот уред најверојатно ќе ги има истите паметни можности како Gear S2, а благодарение на Tizen оперативниот систем, кој е развиен директно од Samsung и кој функционира заедно со Android телефон. Сепак, има шанси уредот да не е целосно паметен и да е насочен само кон фитнес корисниците и со тоа да биде многу поевтин.

Надворешниот дизајн е многу сличен на актуелниот паметен часовник на Samsung, со карактеристичниот кружен дисплеј и вртливата рамка (исто како кај скоро сите хронографски часовници), која може да се користи како полесен начин за работење со оперативниот систем и вградените апликации, заедно со дисплејот на допир.

Извор: Engadget, Sammobile, SlashGear

Претходна статијаWhatsApp веќе нема да наплаќа 1 долар за користење на апликацијата по првата година
Следна статијаNitro Duo – Уред со Windows и Android и два различни процесори