samsung-qi-charger-2

Еден од главните проблеми кога имате телефон кој може безжично да се полни, е брзината на самото полнење. Обично се потребни дури до неколку часа за да целосно се наполни еден телефон во рангот на Galaxy S5 и слични.

Од Samsung велат дека имаат решение, а тоа е нивниот најнов безжичен полнач кој според нив ги полни телефоните за 1,4 пати побрзо. Имено, тие го користат најновиот Qi стандард кој дозволува пренесување на до 15 вати енергија, за разлика од досегашниот кој поддржуваше до 5 вати. Тоа е значителна разлика, но изгледа дека Samsung не го искористиле целосниот капацитет на овој стандард, па според некоја пресметка тие направиле полнач на околу 7 вати.

Друг интересен додаток кај нивниот полнач е вентилаторот. Имено, со зголемувањето на преносот на енергија се зголемува и создавањето на топлинска енергија која ако не се извади може да ги оштети внатрешните составни делови. Затоа од Samsung сместиле и вентилатор кој ја има улогата да го лади овој безжичен полнач. Според нив, со овој полнач може да се доведе времето на полнење до 50-тина минути, што е скоро споредливо со стандардното полнење преку USB кабел.

Според тестовите пак од CIO, на 2.600 мАч батеријата на GS6 Edge и` биле потребни скоро 3 часа да се наполни од целосно празна состојба до целосно полна. Имајте предвид дека безжичните полначи можат да се користат и како постојан полнач – едноставно го оставате телефонот над нив кога не ви треба и тој се полни, така што ваквата состојба делумно се решава со ваква пракса. Ние од СмартПортал ќе почекаме да ги видиме Qi полначите од следната генерација кои ќе ги достигнуваат тие 15 вати енергија, и да видиме какви инженерски потфати ќе го решат проблемот со топлењето.

Извор: CIO, TechnoBuffalo

Претходна статијаTinder Super Like достапен за сите корисници
Следна статијаSeavus Едукативниот и Развоен Центар го отвори првиот Бизнис Симулатор во Македонија