000021_WMPU copy

Футролите се неизбежни додатоци за скоро секој сопственик на паметен телефон, особено поради заштитата која ја пружаат, иако некои од нив се користат и како експанзија на вградената батерија. Сепак, тоа наскоро може да се смени, односно футролите веројатно ќе почнат да овозможуваат дополнителни функции.

Microsoft Research, заедно со Универзитетот за Применети Науки во Австрија, развиваат една таква футрола наречена FlipCase, која има дополнителен дисплеј и неколку различни начини на интеракција со него. Нормално, дисплејот има можност за допир, но тоа не е најимпресивната можност што ја има.

Имено, во него има вградени пиезо електрични кристали, кои реагираат на виткање на дисплејот од футролата и според тоа извршуваат различни наредби. Така, корисникот може да зумира на слика или мапа само со виткање на дисплејот, наместо да мора да употребува два прсти на смартфонот.

Исто така, виткањето може да се искористи за природно вртење на страници од електронска книга, со виткање на дисплејот. Дисплејот може да се користи и како екстензија на оној од смартфонот или пак да се користи за работење со две апликации одеднаш, односно за поставување кратенки до некои опции итн.

Многу интересна опција е и дисплејот да се користи како своевидна тастатура, додека смартфонот е исправен хоризонтално, слично како мини лаптоп. Дисплејот е инаку е e-ink, што значи дека ќе користи многу малку енергија, но и дека ќе биде црно бел.

Уникатниот дисплеј на Microsoft сѐ уште е само идеја, односно не е планирано производство. Сепак, доколку наиде на позитивни критики, верувам дека софтверскиот гигант нема да пропушти да ни овозможи да го имаме и за нашите паметни телефони, особено знаејќи колку се иновативни во последно време.

Извор: Windows Central, Gizmodo, MSPoweruser

Претходна статијаiPhone од 2017 година ќе биде изработен од стакло и ќе има AMOLED дисплеј
Следна статијаПоинтелигентните луѓе имаат тенденција да бидат поискрени?