Темните теми или темниот режим кај корисничкиот интерфејс на оперативните системи и апликациите веќе подолг период е популарен. Сите оперативни системи нудат ваков режим, а се повеќе апликации овозможуваат затемнување на нивниот интерфејс како што поминува времето.

Главната причина за популарноста е секако естетска, како и тоа што во темни услови, темниот режим овозможува и подобра пријатност за очите, а тоа нели, на сите ни е јасно.

Друго причина поради која темниот режим е популарен е и можноста за заштеда на батеријата на уредот кај тие со OLED екран. Ова е можно поради начинот на којшто работи OLED технологијата, односно фактот што секој пиксел посебно се пали и гаси. Тоа значи дека кога некој дел од корисничкиот интерфејс е темен, пикселите во тој дел се гасат и со тоа не трошат енергија од батеријата.

Сепак, колку разлика може да направи користењето на темниот режим. Тоа зависи од повеќе фактори, а дечките од PhoneBuff имаат направено супер тест на iPhone, меѓутоа резултатите може да се земат и како меродавни за било кој друг уред кој работи со OLED екран.

Од тестот се гледа дека заштедата е најголема кога светлината на екранот е на највисоко ниво, а со оглед на фактот што повеќето користат автоматско прилагодување на светлината, тоа би било кога телефонот се користи надвор на отворено.

Соодветно на тоа, кога телефонот се користи навечер со исклучени светла или слично, разлика иако има, таа би била значително помала за разлика од кога околината околу уредот е осветлена.

Видеото со тестот, како и објаснувањето на резултатите можете да го погледнете на почетокот од статијата.

ИЗВОРMacRumors
Претходна статијаFacebook започна со тестирање на новиот кориснички интерфејс на десктоп кој вклучува и темна тема
Следна статијаAndroid никако да го подобри процентот на уреди кои работат на најновата достапна верзија од оперативниот систем
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.