До крајот на годината Facebook треба да претстави целосно нов изглед на нивната десктоп верзија од мрежата, изглед кој повеќе ќе наликува на мобилната апликација. Покрај тоа, од компанијата најавија и претставување на десктоп апликација за Facebook Messenger која ќе ја замени не толку познатата Messenger апликација достапна во Microsoft Store и е само прилагодена верзија од таа на iOS.

Од Messenger десктоп апликацијата сега за сега нема ништо, но промената на корисничкиот интерфејс на десктоп верзијата од Facebook, поточно веб верзијата, е стигнат до тест фаза.

Како и обично, промените им се пуштаат на ограничен број на корисници низ светот, па по добивањето на нивните реакции, се пушта за сите.

Како што може да се види од насловната слика, како и на сликата од корисникот на Twitter подолу, главните копчиња се префрлаат на горна лента, која сега е главна. Ова е начинот на којшто се поставени работите на мобилната апликација од мрежата, па може да се каже дека на корисниците ова нема да им дојде како голема промена.

Покрај новата поставеност на елементите од корисничкиот интерфејс, од сликите може да се види дека Facebook конечно ја тестира својата темна тема, која ја овозможи кај мобилните верзии од останатите свои сервиси и апликации.

Нема најави кога овие промени ќе дојдат кај сите корисници, но според информациите кои ги даде Facebook во мај, сето ова треба да стане достапно до крајот на годината.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаMaxTV-телевизија број 1, прославуваме и подаруваме
Следна статијаДали и колку голема разлика прави темниот режим кај оперативните системи и апликациите за батеријата на уредот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.