0107

Apple Watch паметниот часовник дефинитивно не го доживеа приемот кај купувачите кој производителот го очекуваше, а и оние кои го купија не беа претерано задоволни. Причината за ова е пребавното стартување на апликациите – побрзо е да го извадите Вашиот iPhone и да завршите работа отколку да го чекате Watch да го направи тоа. Сепак, новиот Watch OS 3, според Apple целосно ќе го анулира овој проблем.

Отсега, апликациите ќе бидат Instant Apps, односно ќе се лансираат инстантно. Големата разлика во брзината е поради тоа што апликациите отсега ќе бидат сместени во рам меморијата, што драматично ја зголемува брзината на пристап до нив. Исто така, ова значи дека апликациите ќе можат да работат во позадина, што е добро за редовно освежување и нотификации, но веројатно не за и така краткото траење на батеријата од скоро еден ден. Сепак, останува да видиме што ќе кажат тестовите.

0100

Покрај зголемената брзина и респонзивност, Watch OS 3 донесува и многу нови можности, особено погодни за фитнес корисниците. Отсега, часовникот ќе им овозможи на корисниците натпреварување со останатите пријатели кои имаат Watch OS 3 во најразлични спортови и тоа заедно со гласовни команди кои ќе можете да им ги испратите за да ги „чепнете“ дека сте подобри од нив.

Новиот оперативен систем има и SOS опција, која со долго притискање на круната директно го повикува бројот 911, испраќа пораки на луѓето кои претодно сте ги избрале како најблиски и дури и прикажува медицински картон. Watch OS 3 има и нова Breathe апликација која помага при медитирање, како и попаметен однос кон оние во инвалидска количка, на кои отсега ќе им ги брои вртењата на тркалата и ќе им кажува “Time to roll” кога е време да се придвижат, наместо претходното “Time to stand”. Како и кај iPhone и iPad и Watch OS отсега ќе има Control Center, каде ќе може да се менуваат поставки како звук, Wi-Fi, Bluetooth и сл.

0118

Сите овие промени дефинитивно ќе го направат користењето на Apple Watch подобро искуство, но останува да видиме дали ќе ги привлечат купувачите кон часовникот. Watch OS 3 е инаку веќе достапен за дивелоперите, а надградбата за корисниците ќе биде достапна од есен годинава.

Извор: TechCrunch, Engadget, TechnoBuffalo

Претходна статијаRazer лансира свој уред за виртуелна реалност
Следна статијаMicrosoft го претстави тенкиот Xbox One S, кој ќе поддржува 4K видео и HDR графика кај игрите