Компанијата Snap која што стои зад мега популарната апликација за паметни телефони Snapchat, во последно време го менува својот правец и се посветува на други проекти. Покрај другото, неофицијални информации говорат дека од компанијата имаат развивано дрон. Компанијата има визија дека корисниците на Snapchat ќе ги користат нивните дронови за сликање и снимање од висина. Ова е само една од визиите кои Snap ги има за иднината, но сепак останува отворено прашање дали нивните дронови ќе станат достапни за обичните купувачи.

Компанијата Snap се очекува да биде една од најбрзо растечките компании во светот, а ваквите проекти само може да ги потврдат овие очекувања во иднина. Акциите на оваа компанија ќе бидат понудени на берзата во Њујорк. Се очекува да достигнат вредност што ќе ги рангира како една од најдобрите технолошки компании, веднаш позади кинеската компанија Alibaba. Вкупната вредност пак на компанијата се проценува на 24 милијарди долари.

Од компанијата велат дека колку повеќе им се нуди на корисниците, толку повеќе тие се активни и ја користат нивната апликација. Просечниот корисник на Snapchat ја отвора апликацијата 18 пати на ден. Повеќе од 2,5 милијарди пораки се испраќаат секојдневно. Да не ја заборавиме и посветеноста на Snap во дизајнирањето и производството на камери. Токму тука очекуваме да видиме некои револуционерни иновации во иднина.

Извор: NYTimes

Претходна статијаSkype за Linux сега достапен и во бета верзија, има функционалности како на останатите платформи
Следна статијаТрибина: Вредноста на македонската архитектура денес