Ford се соочува со големи предизвици кога станува збор за нивните беспилотни возила. Планот на оваа автомобилска компанија е да ги стави своите автономни автомобили во функција до 2021 година. Еден од главните инженери за развој на беспилотната технологија Chris Brewer, ги објаснува некои од најголемите предизвици со кои соочува неговата компанија во ова поле. Според него овие возила треба да ги имаат сите компоненти кои што ги имаат и „обичните“ автомобили, односно оние кои што се користат денес и на кои што сме навикнати. Типичен пример за ова е воланот на автомобилот. Според Brewer дури и беспилотните автомобили имаат потреба од некаков систем за управување, во случај системот за самоуправување да откаже.

Покрај овој голем предизвик со којшто се соочува Ford, уште еден предизвик е издржливоста на сензорите и целата технологија која што се користи во еден ваков автомобил. Chris Brewer објаснува дека автомобилите не се како смартфоните коишто ги користиме денес, односно автомобилот е изложен на климатски услови, сонце, дожд, снег, како во текот на возењето така и додека е паркиран на отворено. Оттука се очекува сите компоненти коишто се дел од автомобилот, особено сензорите коишто се потребни за самоуправување, да бидат колку што е можно поиздржливи за да се зголеми животниот век на ваквите автомобили.

Останува да видиме како Ford ќе се справи со сите предизвици кои произлегуваат од производството на автономните возила, и да ги видиме нивните крајни производи некаде во 2021 година.

Извор: TechCrunch

Претходна статијаНајдобрите апликации за iOS со кои ќе си го олесните патувањето
Следна статијаBlackBerry Aurora е смартфон со просечни перформанси и недоволно ниска цена